Со оваа одлука имаме историски најниска цена за парното, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Цената на топлинската енергија од БЕГ се намалува за 4,35 отсто, при што граѓаните плаќаат фиксен надоместок, а цената за испорака на топлинска енергија се намалува за 6,39 отсто.
Причина за ова намалување се, пред се што „ТЕ-ТО“ во Скопје значително го зголеми своето производство, а од друга страна цената на „ТЕ-ТО“ му ја намаливме за 15 отсто, во однос на цената на топланите, рече Бислимоски.
Тој појасни дека трошокот за природен гас изнесува 22,23 денари од октомври до април, а од април до септември имаше цена од 12 денари. Се очекува цената на гасот да расте, но си овие мерки и намалување на цената на ТЕ-ТО за 15 отсто, ќе се избегнат ценовни шокови.
Трите компании кои испорачуваат топлинска енергија во Скопје, бараа зголемување на цените, а од Регулаторна добија намалување, за што Бислимоски вели дека тие не се задоволни, но дека методологијата која ја користи Регулаторна покажала дека цените може да се намалат, а компаниите не може да се жалат на оваа одлука.