Од денеска нова цена на струјата. Корисниците од првиот блок, кои имаат најмала потрошувачка, ќе плаќаат поевтина електрична енергија за 5,16 проценти, цената за вториот блок и евтината тарифа останува иста. Поскапува струјата за корисниците од третиот и од четвртиот блок за 2,88, односно 1,86 насто.
Со новиот концепт, пристап кон мрежа, надоместокот од 200-те денари ќе го плаќаат сите корисници. Мрежарината се намалува за 23 проценти.