Сите што пристигнуваат на островот, во рок од 72 часа задолжително ќе треба да се тестираат со рапид тестови, кои се бесплатни од мобилните единици на Министерството за здравство на Кипар.
Во однос на свадбите, крштенките и било какви други прослави, дозволено е присуство само на вакцинирани. За оние кои примиле една доза задолжителен е и негативен тест, а за целосно вакцинираните со поминати седум дена или за оние кои во последните шест месеци прележале Ковид-19, не постојат ограничувања.
Истото, веќе важи и за спортските сали и стадионите, за кината и театрите, како и за ноќните клубови и угостителските објекти.
Планирано е следниот месец да се разгледа можноста за укинување на „SafePass“ (сертификатот за вакцинација) за лицата кои не примиле трета доза од вакцината, а поминале седум месеци од вакцинацијата.
Од сабота пак, овие лица веќе ќе мораат да се тестираат со ПЦР или рапид тест за да продолжи да им важи сертификатот.
Промени има и во протоколите за блиските контакти на потврдените случаи, па така од денеска до 15 јануари, задолжително ќе треба да направат рапид 72 часа по контактот и ПЦР тест на седмиот ден, а исклучок од мерката се оние кои примиле трета доза.
За лице кое имало контакт со заразен со Омикрон варијантата или со било кој друг сој што би се појавил во иднина, задолжителен е карантин, независно од тоа дали е вакцинирано или не.
Паралелно се намалува од шест на пет месеци и две седмици временскиот период за вакцинација со трета доза, а од утре започнува имунизацијата на деца од пет до 11 години.