Од денеска има нови цени на бензините и дизелот. Бензините поскапеа за еден денар за литар, а цената на дизелот се зголеми за половина денар за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ поскапеа за 1 денар и со тоа малопродажната цена на „евросупер БС-95“ изнесува 84 денари за литар, додека малопродажната цена на „евросупер БС-98“ изнесува 86 денари за литар.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголеми за половина денари и сега чини 84,5 денари.