Од денеска во 11 часот во редовен сообраќај ќе биде пуштена делницата од магистралниот пат Охрид – Кичево на потегот од излезот на градот до Подмоље, што поради градежни работи од минатиот месец беше затворена за сообраќај.
Со тоа престанува да важи времениот режим со задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид – Струга.
Од СВР – Охрид се апелира до возачите на внимателно управување со моторните возила и прилагодување на брзината кон состојбата и условите на патот.