Поетесата Катерина Аџи Грозданова ја изгуби битката со корона вирусот, а веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот сопруг, театарскиот критичар Борче Грозданов, син на легендарниот актер Мите Грозданов.
-Кети тргна кон патот на светлината и царството небесно. Господи отвори и го тој пат и прими ја при себе – објави Грозданов.

Катерина е позната на јавноста по своите книжевни дела, но и по веб страницата Наше театарче, која ја уредуваа заедно со сопругот Борче. Пред само пет месеци ја промовираше својата поетска книга ,,Жена 2”.

Таа е автор на книгите „На попатнина кон Дома…” -поетска – проза (2015), „Трпеза” – раскази (2016). Третата книга „Љубов – Патешествие“ ја напиша заедно со својот сопруг Борче Грозданов, а нејзиниот дел е „Љубов“. Оваа книга излезе од печат во 2017 година. Во 2018 излезе нејзината книга поезија „Жена“.