Џенсен Хуанг не секогаш ја носеше својата препознатлива кожна јакна. Кога овој мултимилијардер – сега веќе поранешен извршен директор на „Нвидиа“ – бил тинејџер во САД, неговата прва работа била служење маси и миење садови во еден од рестораните од ланецот „Денис“.

Компанијата што Хуанг ја основаше произведува компјутерски чипови кои се клучни за развојот и функционирањето на системите за вештачка интелигенција, како што е „ЧетГПТ“ (ChatGPT).

Побарувачката за производите на „Нвидиа“ нагло порасна, бидејќи стотици милијарди долари беа вложени во технологија која, според нејзините бројни застапници, ќе ја трансформира глобалната економија.

Џен-Хсун Хуанг, кој сега има 63 години, е роден во Тајван. Неговиот татко бил хемиски инженер, а мајка му – наставничка.. Сепак, тој поголемиот дел од својот живот го помина надвор од Тајван. Откако некое време живеел во Тајланд, Хуанг се преселил во САД на 10-годишна возраст – тој поседува двојно државјанство, на Тајван и на САД – и изјавил дека „секогаш е имигрант“.

Чичко им мислел дека ги запишува во реномирано училиште, но всушност ги испратил во строго училиште за „проблематични деца“ во Кентаки. Школарината била висока и родителите на Џенсен продале речиси сè само за да можат да ги покријат трошоците. Животот во училиштето, пак, бил особено тежок. Младиот Џенсен бил задолжен за чистењето на тоалетите, а има откриено и дека децата што учеле таму навистина биле проблематични и го малтретирале.

Сепак, наместо да очајува, Џенсен решил да се фокусира на своите страсти – компјутерски игри и пинг-понг.

Хуанг завршил средно училиште во Орегон, а во 1984 година дипломирал електротехника на Државниот универзитет во Орегон. Таму ја запознал својата идна сопруга Лори, со која добил син и ќерка – кои денес се вработени во компанијата „Nvidia“.

Потоа, во 1992 година, тој се стекна со магистерска титула во истата област на Универзитетот Стенфорд – во срцето на Силиконската долина. Една година подоцна, заедно со колегите инженери Крис Малачовски и Кертис Прим, ја основаше компанијата „Nvidia“ за време на еден состанок во сепаре во ресторанот „Denny’s“.

Името претставува игра со латинскиот збор за завист – „invidia“ – емоција што компанијата сакала да ја предизвика кај своите конкуренти.

Според книгата „The Nvidia Way“ – биографија за компанијата и нејзиниот соосновач, напишана од Тае Ким – техничката стручност на Хуанг му обезбедила предност и во односите со клиентите и инвеститорите.

Во книгата е цитиран Тенч Кокс, член на управниот одбор на „Nvidia“ и еден од првите инвеститори, кој истакнал дека Хуанг се издвојувал од останатите.

„Кога ќе го запознаете Џенсен Хуанг – дури и во конкуренција со десетици други графички компании – сфаќате дека тој е човек со кој сакате да соработувате“, вели Тенч. „Она што го прави исклучителен е фактот што тој е истовремено инженер и стручњак за компјутерски науки.“

„Nvidia“ започна со производство на графички чипови за персонални компјутери. Во 1999 година, компанијата го претстави „GeForce 256“ – производ што нашироко се смета за првиот графички процесор (GPU) во светот. Како што технологијата стануваше сè помоќна, академските истражувачи сфатија дека таа може да го забрза развојот на вештачката интелигенција. Графичките процесори на „Nvidia“ беа искористени за создавање на „AlexNet“ – невронска мрежа развиена во 2012 година на Универзитетот во Торонто од страна на Алекс Крижевски, соосновачот на „OpenAI“ – Илја Суцкевер, и добитникот на Нобеловата награда, Џефри Хинтон. Ова претставуваше клучен момент во историјата на современата вештачка интелигенција.

Шест месеци по лансирањето на ChatGPT, пазарната вредност на Nvidia во мај 2023 година достигна 1 трилион долари (756 милијарди фунти) и продолжи да расте, достигнувајќи 5 трилиони долари во октомври минатата година – со што стана првата компанија во историјата што достигнала таква пресвртница. Сепак, оваа недела вредноста падна на околу 4 трилиони долари, откако се појавија обвинувања дека Хуанг имал афера со шпионка од Кина, па така во четвртокот доведе до негова оставка.

Уделот од 3,6% што Хуанг го поседува во Nvidia му донесе значително богатство. Според „Блумберг“, неговото богатство се проценува на 145 милијарди долари, што го рангира на 13-тото место во светот.

Уште не е познато дали , по аферата со жена од Кина, сопругата ќе се разведе од него и ќе му го „собере“ богатството, но Џенсен веќе ја напушти својата позиција во NVIDIA.