Од министерството за финансии потврдуваат дека пропаднала еврообврзницата и ја информираат јавноста дека ќе се издаде нова по избор на нов министер за правда!

Претходно, како што дозна Радио Лидер, пропадна еврообврзницата од 600 милиони евра, која сакаше да ја издаде владата. Според нашите информации, причината за пропаѓањето е тоа што министерот за правда во заминување Никола Тупанчевски одбил да ја потпише. Според правилата, за да се издаде еврообврзница покрај од другите, треба да има потпис и од министерот за правда.

По овие инфомрации, со реакција излегоа од Министерството за финансии кои потврдија дека пропадна еврообврзницата. Во писмено соопштение до медиумите од Министерството за финансии се вели дека целосната постапка за издавање на еврообврзницата ќе биде извршена по спроведување на административните процедури, кои подразбираат и мислење од новиот министер за правда, информираат во

„Веднаш по изборот на новиот министер за правда ќе се одржи нова аукција. За ова банките-агенти што посредуваа при издавањето на еврообврзницата ќе ги информираат инвеститорите, кои при минатата аукција имаа 2,5 пати поголем интерес во однос на понудената сума, како резултат на довербата во добрите економски политики.

Согласно процедурата за избор на нови министри во Владата на Република Северна Македонија, Собранието на 13 февруари 2023 година прими оставки од четворица министри, меѓу кои и министерот за правда, кои се прифатени од Собранието. Законски, за издавање на еврообврзницата, потребно е мислење на министерот за правда, кој е меѓу министрите кои поднесоа оставки до Собранието“, стои во нивното соопштение.