Информацијата денеска ја потврди Министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање.
„Седницата ја водеше Претседателот на Владата на Република С.Македонија, Зоран Заев“ – рече Бектеши.
Премиерот Заев по поразот на изборите најави дека ќе си поднесе оставка и од тогаш практично е во медиумска изолација бидејќи се уште се нема појавено пред медиумите. Неговата комуникација со јавноста се сведува на постови на социјалните мрежи. Тој откажа неколку меѓународни посети а на дел од нив го менуваше запменик претседателот на Владата Никола Димитров.