Михаил Талевски (2004) потпиша договор со екипата на Осијек од Хрватска, со траење од три години.

18-годишниот напаѓач е презадоволен од остварената соработка со хрватскиот клуб:

„Ова е голем чекор за мене, остварување на моите фудбалски идеи. Ќе настапувам во лига која е силна и расадник на голем број фудбалски таленти. Хрватската репрезентација е финалист на последното светско првенство и мислам дека многу ќе напредувам во мојот нов клуб“ – се првите зборови на Талевски, по потпишувањето на договорот.

Нашиот репрезентативец играше за екипата на Пелистер, а во хрватското првенство се сели веднаш.

Отштетата на сметката на битолскиот клуб веќе е исплатена.