Зголемување од 4,2% на патарините низ Србија – електронската наплата TAG останува со попуст

Од 4 јули 2025 (петок), патарините во Србија ќе бидат зголемени за околу 4,2 проценти по километар, соопшти Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура. За да стапи на сила, оваа мерка треба да добие конечна потврда од Владата на Србија.

Согласно новите пресметки, возачите на патнички автомобили ќе плаќаат:

Прешево – Белград: 1.970 динари (~15,85 евра)

Прешево – Суботица: 2.815 динари (~22,64 евра)

Белград – Димитровград: 1.740 динари

Белград – Ниш: 1.170 динари

Суботица – Димитровград: 2.575 динари

Нови Сад – Ниш: 1.490 динари

Ниш – Шид: 1.690 динари

Возачите што користат електронска наплата на патарина (TAG) и понатаму ќе уживаат во одредени попусти. Оваа алтернатива се препорачува особено за оние кои често патуваат низ Србија.

Министерството потсетува дека доколку ја изгубите картичката добиена при влез на автопатот, истата е оштетена или е постара од 24 часа, може да ви биде наплатена најдолгата делница за таа траса, плус трошоци за итна постапка.

Зголемувањето се однесува на сите корисници на автопатиштата и е дел од планираниот раст на транспортниот сектор во земјата.