Доларот зајакнат за повеќе од 2 проценти од почетокот на годинава, поттикнат од забрзувањето на вакцинацијата против Ковид-19 во САД и од најавата за пакетот економски мерки на администрацијата на Бајден, вреден 1,9 милијарди долари, пишува „пари„.

Еврото ослабе 0,3 проценти во однос на американската валута и се тргуваше на 1,19025 долари.

Турската лира се стабилизира по остриот пад од 7,5 проценти во понеделникот, предизвикан од неочекуваната одлука на претседателот Таип Ердоган да го замени гувернерот на централната банка минатиот викенд.

Лирата порасна за 0,6 проценти во европската трговија утрово во однос на американскиот долар.