Најтопло ќе биде денес и утре и ќе биде активирано портокалово ниво, а во јужновардарскиот регион црвено ниво за опасност од високи температури.

И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Извесно опаѓање на температурата ќе има в недела и понеделник, најави Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР).