Колумбијците се бесни прво поради фактот што тоа се случи во 100. минута, односно во десеттата минута од судиското продолжение, а потоа и поради учеството на судијата Питана во акцијата по кој падна погодокот на Фирмино за изедначување. Делителот на правдата заборави на новото правило на ФИФА дека секогаш кога ќе го удри топката мора да ја прекине играта, па дозволи таа да продолжи иако беше очигледно дека беше погоден при додавањата на „кариоките“.