Од денеска попладне до недела под влијание на циклонска активност на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрично празнење и град, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во овој период наместа ќе наврнат и над 40 литри на метар квадратен дожд. Температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој дел од годината.

Според УХМР, во Скопската котлина ќе преовладува променливо облачно, посвежо и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрично празнење пранење и град.

Од Управата препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрично празнење, како и да не се престојува на отворен простор под осамени дрвја.