Во соопштението на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) и Центарот за клима на двете организации се наведува дека дополнителни 658,1 милиони луѓе биле изложени на екстремни температури.
– Светот се соочува со хуманитарна криза без преседан, во која климатските промени и Ковид-19 ги туркаат заедниците во крајности, изјави претседателот на ИФРЦ, Франческо Рока на прес-конференција во Њујорк, каде беше презентиран најновиот извештај.
Организациите ги повикуваат светските лидери да преземат итни мерки не само за намалување на емисиите на стакленички гасови, туку и за решавање на постоечките и непосредните хуманитарни влијанија од климатските промени.
Конференцијата на ОН за климатски промени во 2021 година, позната како COP26, ќе се одржи во Глазгов, Шкотска, од 31 октомври до 21 ноември.
– Огромните трошоци за закрепнување од Ковид-19 докажуваат дека владите можат да дејствуваат брзо и драстично пред глобалните закани. Време е зборовите да се претворат во дела и да се посвети истата енергија на климатската криза. Секојдневно сме сведоци на влијанието на климатските промени предизвикани од човекот. Климатската криза е тука и ние треба да дејствуваме сега, нагласи Рока