Орбан изјави дека за Унгарија, нето -примач на средства од ЕУ, главната причина за останување во ЕУ не се парите што доаѓаат од Брисел.

-Ако ја погледнете целата година, добиваме повеќе пари од Брисел отколку што плаќаме, но ако ја одземете сумата на пари што западните (компании) ја извлекуваат од земјата (Унгарија) секоја година, салдото е негативно, рече Орбан за националното радио.

Тој додаде дека ЕУ е важна за нас бидејќи на Унгарија и дава пазар.

-Мораме да се заземеме за ЕУ ​​и да останеме во неа. Затоа велам дека, без оглед на проблемите, ние ќе бидеме меѓу ретките што ќе останат во Унијата доколку некогаш исчезне, објасни унгарскиот премиер.