Остар пад на среброто по дводневен раст на пазарот
Цените на среброто забележаа нагло намалување од дури 16 отсто, со што беше прекинат дводневниот раст. Спот-цените последен пат се намалија за 13 отсто и изнесуваа 76,97 долари за унца, додека фјучерсите во Њујорк беа пониски за над 8 отсто, на ниво од 77,28 долари за унца.
Од рекорд до силна корекција
Минатиот петок среброто достигна рекордно високо ниво, по што следуваше пад од речиси 30 отсто. И покрај актуелната корекција, податоците покажуваат дека во текот на 2025 година цената на среброто пораснала за околу 146 отсто. Аналитичарите ги посочуваат неодамнешните пазарни услови како клучни двигатели на ваквите ценовни движења.
Совет за претпазливост кај инвеститорите
Експертите препорачуваат внимателност и советуваат да се почека со трговските одлуки додека шпекулативните позиции најпрво не се „избришат“. Среброто има широка примена во индустријата и технологијата, меѓу кои во сончевата енергија, катализаторите и електрониката. Ценовната корекција кај среброто била поизразена отколку кај златото, поради построгите услови на ликвидност на лондонскиот пазар, што довело до поголеми ценовни осцилации, пренесува Сеебиз.
