И понатаму дозволено ќе биде да работат само летните тераси на угостителските објекти.
Ваквиот предлог доаѓа откако изминативе денови паѓаат бројките на новозаразени лица со коронавирус. Вчера беа регистрирани 105 нови позитивни на ковид-19 од 946 тестови, а активни се 14. 276 случаи.
Кафулињата и кафеаните се отворени од 28 април. Сега работат до 20.30 часот, бидејќи според минатонеделната одлука на Владата полицискиот час почнува од 21 часот. Полицискиот час не важеше во саботата кога верниците во црквите и манастирите го прославуваа Велигден. Полициски час нема да има ни за Рамазан бајрам, односно вечерта на 12 мај.