Центарот за управување со кризи во текот на вчерашниот ден детално информираше за преземените активности по алармот за запалената борова шума во близина на куќите над селото Галичник. Ја добивме информацијата дека армиските хелокоптери биле таму, но не можеле да интервенираат поради силниот ветер. Но, остана отворено прашањето каде беа „ер-тракторите“, пренесува порталот.

Дирекцијата за заштита и спасување поседува два „ер-трактори“, авиони за гаснење пожар кој неофицијално, веќе подолг период се на сервис, па затоа немало никаков одговор на барањето за интервенција над Галичник.

Повеќе на мкд.мк

Вчера вечер Месната заедница Галичник објави дека со помош на повеќе институции и друга помош бил згаснат пожарот што дивееше во близина на селото.