Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се препорачуваат следните мерки за усвојување:
Почнувајќи од 12 мај 2021 година, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24:00 часот до 05:00 часот.
Соодветно на ова, дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.
Сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.
Наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група.
Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.
Се дозволува користење на годишните одмори за здравствените работници.Овие мерки ќе важат до 18 мај 2021 година.