Слаби локални врнежи од дожд ќе има утре во југозападните и јужните делови на државата.
Минималната температура ќе се спушти до минус два степени, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во петок и недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.