Рома го победи Јувентус на домашен терен, а ваквиот резултат очекувано донесе и голема радост меѓу фудбалерите на римскиот клуб.

Пауло Дибала по разделбата со Јувентус сезонава настапува за Рома, а тв камерите го уловија како еуфорично прослави клучна одбрана на Руи Патрисио со Вајналдум.

Ваквиот потег ги налути фановите на Јувентус, кои го обвинија дека покажал непочитување кон клубот за кого настапуваше многу години, а ситуацијата отиде дотаму што Дибала денеска мораше да реагира преку социјалните мрежи.

– Знам дека е тешко за вас, но и мене ми е тешко.

– Како и да е, сега настапувам за друг клуб и со други соиграчи и мора да ги почитувам. Никогаш не е лесно да победиш, а оваа победа ни значи многу. Почитувањето секогаш ќе биде присутно, нека не ве залажуваат објавите на социјалните мрежи. Јас само прославував со моите соиграчи, голема прегратка за сите, – напишал Дибала.