Од утре следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, а од четврток со врнежи од дожд со променлив интензитет.

На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м 2 за 24 часа.

Врнежите, како што соопшти УХМР, ќе бидат проследени со повремено засилен ветер.

Дневните температури од четврток насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.