Актуелниот договор на Дибала истекува на крајот од сезоната, а новиот ќе го „врзе“ со Јувентус до јуни 2025 година.

Дибала во моментов се рехабилитира од повреда, а новиот договор се очекува да биде потпишан пред неговото враќање на теренот на 17 октомври во дербито против Рома.

Аргентинскиот фудбалер, кој дојде во Јувентус во 2015 година, во меѓувреме ги одби понудите на премиерлигашите Манчестер јунајтед и Тотенхем.