Од УХМР информираат дека до средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.
До крајот на денот не очекува променливо облачно и свежо време. Попладне и особено во северните
делови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен до
северозападен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 18 степени.
Во Скопје претпладне ќе преовладува променливо облачно и ветровито време, а попладне потивко и со доста сонце.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Охрид – 15 литри на метар квадратен, 13 во Тетово, 12 во Дебар и Попова Шапка, 11 во Пожаране, Маврово и Куманово – осум, Претор, Битола, Прилеп, Демир Капија – четири, Скопје – Зајчев Рид – три, Крива Паланка – 2, Берово и Скопје – Петровец – еден.