Таа наведе дека третата доза ќе ја примат граѓаните со намален имунитет, кои се на хемодијализа, со трансплантирани органи, лица постари од 70 години. Исто така трета доза ќе им биде препорачана и на патниците во меѓународниот сообраќај, бидејќи според Кисиќ Тепавчевиќ, голем број луѓе од одмор се вратиле заразени со ковид-19.
Трета доза вакцина се препорачува и за вработените во здравствените институции, кои имаат должност и обврска да ја заштитат својата професионална околина и да спречат ширење на ковид-19, посочи Кисиќ Тепавчевиќ.