Со посебна апликација вратарите ќе може да проверат дали некое лице е вакцинирано или не и дали сертификатот е валиден.
Непочитувањето на мерките носи високи парични казни. Невакцинирано лице кое ке влезе во затворен простор ќе плати 300 евра а за фалсификат сертификат, грчката влада ќе наплати 3000 евра.
Правила има и за здравствените работници и за вработените во домови за нега. Доколку не се вакцинираат до датумите определени од властите ќе се соочат со казни.
Грчката влада пак ќе ги награди луѓето под 26 години кои се вакцинирани. Ќе добијат по 150 евра.
И Летонија го напушта курсот на добоволност при вакцинирање против Ковид-19. Во оваа земја имунизацијата станува задолжителна за здравствените работници и за вработените во образованието. Во другите сектори, работодавците ќе имаат право да отпуштаат невакцинирани работници од 1 октомври.
Здравствените работници веќе немаат право на избор и во други европски земји, Италија, Франција и Русија. Во обид да го зголеми бројот на вакцинирани Французи, претседателот Макрон објави дека од 1 август вакциналниот пасош ќе биде предуслов за влез во ресторани, кина, театри и трговски центри, како и за патување со авион и воз низ Франција.
Германија засега преку парични награди ќе ги убедува граѓаните да се вакцинираат, мерка која во многу држави веќе се покажа како нестимулативна.
Повеќе на Сител