Веста ја објави на Фејсбук премиерот Еди Рама, додавајќи дека вкупната количина на обезбедени до сега вакцини е 1.578.790 дози.

-Добра вест. Пристигнаа 340.000 дози вакцина Коронавак на аеродромот Мајка Тереза, најголемата количина досега, со што вкупно се пристигнати 1.578.790 вакцини. На сите ви посакувам убав и успешен ден. Албанија се насмевнува, напиша Рама.

Со процесот на имунизација, кој во земјата, под мотото „Албанија се насмевнува“, почна на 11 јануари, до сега, опфатени се над милион и 40 илјади граѓани а пола од нив се ревакцинирани. Се користат вакцини од Фајзер, Астра Зенека, Синовак и Спутник В.

Според националната стратегија, целото население во Албанија треба да биде вакцинирано до пролет следната година. За да се постигне целосна имунизација, предвидена е вакцинација на 2,2 милиони луѓе, за кои се потребни 4,4 милиони дози вакцина.

Од вчера почнаа да функционираат мобилни екипи кои ги посетуваат жителите во руралните средини, како и по домови немоќни, стари и лица со попреченост.