Делегација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, предводена од ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на патроните на УКИМ, светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа на платото на универзитетскиот кампус за општествени науки.

Свежо цвеќе, како што соопштија од Универзитетот, положи и делегација на студентите на УКИМ.

На споменикот, во чест на државниот празник „24 Мај” свежо цвеќе положија високи делегации на државниот врв, дипломатскиот кор и на други општествено-политички организации во државава.

– Деканите и директорите на единиците на УКИМ, се приклучија во чествувањето на патроните со положување на свежо цвеќе. Чинот на положување свежо цвеќе од страна на деканите и директорите на УКИМ ќе се одвива и во текот на наредните денови заради протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, се наведува во соопштението.