Финалето на Евровизија во саботата го следеа милиони луѓе, а победата ја понесе италијанскиот претставник, бендот „Манескин“.

Според официјалната страна на Евровизија, победникот дома носи стаклен трофеј, а авторите на песната добиваат помали реплики. Трофејот е специјално дизајниран за овој настан во форма на микрофон од 50-тите години од минатиот век.

Освен тоа, земјата победник ја добива честа да го организира следниот Евросонг. И тоа е тоа.