Во предвечерието на големиот христијански празник беше одбележан патронот на општинското основно училиште „Св. Климент Охридски”, во Бутел.

На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Бутел. Дарко Костовски.

-Нашето општинско основно училиште, во кое го завршив моето основно образование, со гордост го носи името на првиот писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа. Во еден етно стил овогодинешната свечена манифестација не врати низ времето и не потсети дека треба да се почитуваме, да си ја сакаме и негуваме традицијата и да си ја чуваме Република Македонија. Свети Климент, кој ја создаде кирилицата учеше: “Тргај се од злото и прави добро!”. Токму оваа негова мисла треба да ни е водилка во нашето секојдневие. Да создаваме и правиме добро, добро за нашиот народ, за нашите граѓани, за идните генерации – порача Костовски.