Владејачкото мнозинство не го поддржа педлог-законот за измена и дополнување на Законот за Владата по скратена постапка, со кој се предвидува членовите на Владата да имаат исклучиво македонско државјанство. За предлогот на СДСМ гласаа 20 опозициски пратеници.
Од СДСМ обвинија дека функционери од ВМРО-ДПМНЕ, додека го блокираат европскиот пат на Македонија и намерно создаваат конфликти со Бугарија, поседуваат бугарски пасоши.
Законското решение, претходно, го образложи координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, кој рече дека измените се предложени по скратена постапка и се поврзани со иницијативите за измените на Законот за пратеници.
