Капитенот на норвешката фудбалска репрезентација, Мартин Одегард, упати остри критики по поразот од Португалија во рамките на Лигата на нации. Повод за реакцијата беше неспортскиот старт што Бернардо Силва го направи врз него во финишот од натпреварот на стадионот „Улеви“.

Инцидентот се случи кога играчот за врска на Арсенал веќе се ослободи од топката, по што следуваше остар дуел од противничкиот фудбалер.

„Валкан потег од негова страна. Тоа не припаѓа на фудбалски терен. Срамно е луѓето се однесуваат така. Тоа е целосно затемнување од негова страна. Ме удри откако ја играв топката. Не разбирам што се обиде да направи“, вели Мартин Одегард.

Норвешкиот репрезентативец исто така посочи дека по завршувањето на средбата воопшто не добил извинување од португалскиот играч.

„Мора да го прашате зошто го направил тоа. Навистина не знам. Вакви работи немаат место во фудбалот, но тоа е дел од животот“, вели Мартин Одегард.