Забрана за сообраќај на тешки товарни возила е воведена на патниот правец Гостивар–Кичево преку планинскиот премин Стража. Мерката стапи на сила поради зимските услови и снежните врнежи на коловозот.
Како што официјално информираат од јавното претпријатие „Македонија пат“, забраната за движење на тешките товарни возила е воведена точно во 18:00 часот.
