Конференцијата требаше да почне во Истанбул в сабота и да трае до 4 мај, но Турција, Катар и ОН, кои планираа да посредуваат во дискусиите меѓу авганистанската Влада и талибанците, наведоа дека условите не се соодветни за да се постигне напредок во разговорите.

– Преговорите имаа за цел да ги поддржат разговорите кои почнаа во Доха минатиот септември за да се постигне праведен и траен мир во Авганистан, нагласија трите земји во заедничката изјава.

Со оглед на последните случувања и по консултации со државите било договорено да се одложи конференцијата за друг датум кога условите за постигнување напредок би биле поволни.

– Турција, Катар и ОН ќе продолжат да прават сериозни напори за постигнување мир во Авганистан, се додава во заедничката изјава.