Причината за одложувањето е трагичната автобуска несреќа во Бугарија.

Согласно предлог-мерките, сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место треба да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. Оние кои го прележале вирусот ќе приложат потврда за прележан Ковид-19, не постар од 45 дена, а доколку не можат да примат вакцина, ќе треба да имаат потврда од лекар специјалист.

-Договорени се три барања. Првото е мерката од моментот на донесување да важи после 15 денови, со цел да се доедуцираат членовите на синдикатот. Второто е да бидат дадени два слободни денови од денот на примањето на вакцината, за тие што планираат да се имунизираат и третото барање е за оние кои нема да се вакцинираат. ПЦР-тестовите, кои се како алтернатива секоја недела, на место на свој трошок, ќе бидат на товар на работодавачот, информира вчера министерот за здравство Венко Филипче после средбата со синдикатите.

Министерот најави дека исто така е донесена препорака задолжителната вакцинација на работното место да важи и за приватниот сектор.