– Во текот на целиот ден ѕвонат телефоните на луѓето блиски до судиите од кои се бара Рашковски да не биде ставен позади решетки. Притисокот доаѓа директно од премиерот Зоран Заев и од луѓето блиски до него, тврди нашиот извор.
Инаку, утрово од страна на полицијата беше приведен поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
Утрово заедно со него беше приведен и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп”. Тие се во Кривичниот суд дадоа исказ.
Од ОЈО Скопје соопштија дека во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, меѓу нив и поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски, за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик. Заедно со Рашковски е приведен и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп“. Притворот се бара поради предметот поврзан со набавката на софтверот.
Рашковски, пред неколку дена поднесе оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на владината програма. По бројните критики во јавноста и неколкуте случаи коишто беа отворени за него, тој во својота неотповиклива оставка вели дека се повлекува за да го зачува достоинството и интегритетот.