– Ако си соработник на Зоран Заев, за сомневање за сторен криминал завршуваш со одземен пасош или во куќен притвор, а во суд одиш со рацете во џеб. Во спротивно добиваш 30 дена затворски притвор и во суд те носат со лисици на рацете!, напиша Мицкоски.

Ако си соработник на Зоран Заев, за сомневање за сторен криминал завршуваш со одземен пасош или во куќен притвор, а во…

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, April 16, 2021

Денеска Драги Рашковски, како осомничен во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци беше спроведени во Основниот кривичен Суд – Скопје пред судија на претходна постапка, каде треба да се одлучува по предлогот на ОЈО за определување мерка притвор, поради опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци.

На распит е и Даниел Станчески од Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп“ од кое Генералниот секретаријат на Владата купил софтвер за определување на брзина на возила во сообраќај и изрекување казни. И за него обвинителството побара мерка притвор.