Лекарската комора донесе одлука за привремено одземање на лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог, вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово, по видеата кои ги споделуваше од пациентите на Тик-ток, нарушувајќи им ја приватноста.
„Лиценцата за работа на докторот привремено се одзема за период од 7 години, што согласно правните прописи е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето“, соопшти комората.
Судот на честа утврди дека докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологијакако и Меѓународниот кодекс на медицинска етика.
„Лекарската комора како професионално здружение на сите доктори на медицина во нашата земја нема да дозволи дигнитетот и угледот на докторите да бидат загрозени од неодговорно однесување на поединци во фелата“, пишува во соопштението.
Осум дена притвор заработи анестезиологот од тетовската болница. Обвинителството поведе истрага против докторот кој од одделението за Гинекологија во живо пренесувал болнички прегледи и активности на ТикТок.Тој е осомничен за две кривични дела.