Меѓународната хокеарска федерација (IIHF) и ја одезеде на Русија организацијата на Светското првенство во хокеј на мраз во 2023 година.

„Поради безбедност на играчите, официјалнните лица, новинарите и навивачите, IIHF одлучи да и ја пдземе на Русија организацијата на Светското првенство 2023, се наведува во ослуката. 

Светското хокеарско првенство требаше да се одржи во Санкт Петерсбург од 5. до 21. мај 2023 година.

Според најавите, IIFH на својот редовен годишен конгрес закажан за крајот на идниот месец во Финска ќе донесе одлука која земја ќе биде нов домаќин на Светскотоп првенство.

IIHF веќе укина две натпреварувања кои годинава требаше да се одржат во Русија, а ги исклучи и руската и белоруската репрезентација од Светското првенство кое идниот месец ќе се одржи во Финска.