Привремени мерки против учесници во опасни улични трки
На 17 март 2025 година, од СВР Скопје презедоа акција против нелегални улични трки на булевар „Трета Македонска бригада“. Во акцијата привремено се одземени четири возила. „Мерцедес“, „Ауди“, „Шевролет“ и „Форд Мустанг“, биле користени во т.н. „диви“ трки.
(ВИДЕО) Додека Македонија тагува, организиран настан за дрифтање пред „Борис Трајковски“
Две возила одземени на 90 дена
По дополнителни проверки, утврдено е дека две од овие возила не ги исполнуваат законските норми и создавале голема бучава. Според член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај, тие ќе бидат привремено одземени во период од 90 дена.
Санкции за останатите возачи
Покрај привременото одземање на возилата, двајца возачи добиле прекршочни платни налози за техничка неисправност и употреба на недозволени вградени фолии на нивните автомобили.
МВР најавува засилени контроли и ригорозни мерки против сите кои учествуваат во нелегални трки и со тоа го загрозуваат безбедноста во сообраќајот.
Извор: Курир