Поранешниот англиски репрезентативец ја заврши соработката со Ренџерс за првпат да добие менаџерска шанса во Премиер лигата, а шкотскиот клуб ќе добие отштета од 3 милиони фунти за овој тренерски трансфер.
Џерард потпишал три и пол годишен договор со составот од Бирмингем, кој досега освои само 10 бодови во Премиер лигата и има 5 бодови повеќе од фенерџиите Њукасл и Норич.
Екс-капитенот на Ливерпул му ја донесе првата титула на тимот од Глазгов по 10 години и покажа дека поседува менаџерски потенцијал, а сега реши да прифати уште еден голем предизвик.
Aston Villa Football Club is delighted to announce the appointment of Steven Gerrard as our new Head Coach. 🟣
— Aston Villa (@AVFCOfficial) November 11, 2021