Прославениот македонски репрезентативец, 38-годишниот Горан Пандев кариерата ја продолжува во тимот на Парма.
Поранешниот член на Серија А објави дека донел искусен македонски голгетер, кој претходно во кариерата настапувал за шест клуба од Италија.
Во Калчото пристигна во 2001 година од Струмица од екипата на Беласица и стана член на милански Интер. Пред да заигра за Нероаѕур беше испратен на позајмица во Специја и Анкона. Тој е член на Лацио од 2004 година и пет години го водеше нападот на небесносините.
Следните три сезони играше за Интер, а потоа уште три за Наполи. По краток период минат во Турција (Галатасарај) во последните седум сезони е член на Џенова.
Во Парма ќе му се придружи на уште еден ветеран и легенда на светскиот фудбал, 44-годишниот голман Џиџи Буфон.
Горан Пандев е апсолутен рекордер на македонскиот фудбал со 122 одиграни натпревари за националниот тим и 38 постигнати голови.