Нашата фудбалска икона, Горан Пандев во мега –интервју српски „Спортал“ се осврна и на Дарко Панчев каде вели дека не му помогнал на македонскиот фудбал.

Во интервју нашиот Пандев ги пречекал гостите од Србија во својата Струмица и во својот спортски комплекс „Горан Пандев“.

Покрај тоа што зборува за својата кариера, фудбалскиот клуб Брера, дербито Партизан-Звезда и се останато, сепак тој не заборави да го „пецне“ Дарко Панчев, фудбалерот на векот во Македонија.

“Искрено како мал навивав за Ц.Звезда, но идол неми беше Дарко Панчев туку Дејан Савичевиќ од таа генерација која беше и европски првак. А Дарко Панчев што да кажам освен тоа дека жалам што никогаш не му помогна на Фудбалскиот сојуз и на македонскиот фудбал.Такво име можеше да помогне“, посочи Пандев.

Целото интервју можете да го прочитате тука.