Средба со Сиљановска-Давкова и потпишување на економски меморандум

Претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, денеска престојува во официјална посета на Република Македонија. На свечена церемонија со највисоки државни и воени почести, тој беше пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во нејзиниот кабинет. По тет-а-тет средбата меѓу двајцата претседатели, беше одржан и пленарен состанок меѓу македонската и словачката делегација.

Продлабочување на економската соработка

Во рамки на посетата, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и словачкиот министер за економија Владимир Шимоњак ќе потпишат меморандум за соработка во областа на економијата. По потпишувањето, предвидена е заедничка прес-конференција на Сиљановска-Давкова и Пелегрини.

Посета на Собранието и оддавање почит на Гоце Делчев

Словачкиот претседател ќе го посети и Собранието на Република Македонија, каде што ќе се сретне со претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши. Во рамки на официјалната агенда, Пелегрини ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, во знак на почит кон македонската историја и култура.

Извор: Курир