Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и започна постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на партијата.
Во соопштението, опозициската партија обвинува дека Шилегов бил уценет и дека, според нив, работел во интерес на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до ‘Руднап’. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ,“ се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ додаваат дека, според нив, владејачката партија е толку ослабена што единствената опција им останува обидот да ја уништат опозицијата одвнатре.
„Сега на сите им е јасно дека станува збор за ‘платформа за рушење на СДСМ’,“ заклучуваат од партијата во соопштението.
