Неодамна беше ограбен почесниот конзулат на Србија во Картум, главниот град на Судан, каде конфликтите траат со месеци.
Имено, бунтовниците влегле во куќата во која се наоѓа српскиот конзулат и одзеле вредни предмети. За среќа, почесниот конзул Ахмед Мути не бил внатре во тој момент, објави јавниот сервис. Но, разбојниците го претепале чуварот и направиле голема материјална штета во внатрешноста на објектот.
Почесниот конзул поседувал бројни предмети и фотографии кои сведочат за повеќе од половина век долгата историја на добри односи меѓу тогашната СФРЈ, а подоцна и Србија, со Судан, а судбината на таа архива не е позната. Таа информација за РТС ја пренесе претседателот на здружението „Адлигат“, Виктор Лазиќ, кој е и добар пријател со српскиот конзул.
Конфликтите меѓу воените и паравоените формации во Судан се разгореа во средината на април оваа година. Оттогаш вооружените конфликти продолжија континуирано, со повремени прекини на огнот кои главно беа прекршени. Поради конфликтот од Судан се евакуирани поголем дел од странците, главно членови на хуманитарни мисии, меѓу кои и околу 40 државјани од нашата земја. Според неофицијални информации, дел од нашите сограѓани решиле да останат во Судан. Околу два и пол милиони луѓе мораа да ги напуштат своите домови и да ја напуштат земјата.