„Противпожарните бригади се на терен и ги евакуираат луѓето. Тие се префрлени на повисоките катови во старечкиот дом. Акцијата е во тек. Четири или пет возила се на терен“, соопштија од Професионалната противпожарна бригада на кантонот Сараево.
Нивото на реките во Сараево значително се зголеми. Реката Жељезница во некои делови се излеа од коритата, а нивото на Миљачка порасна. Реката Босна се издувала и им се заканувала на населените места Осиек, Доброшевиќи, Бојник и Рељево – изјавуваат тамошните медиуми.
Под вода се и главните патишта во Сараево, а сообраќајот се одвива отежнато.
– Градоначалникот на општина Пале, Бошко Југовиќ денеска прогласи вонредна состојба на подрачјето на општината, бидејќи во некои делови се излеале неколку населени места на реката, така што пороите го загрозиле имотот на граѓаните и стопанските субјекти.
„Потоците и поројните води дивееја, подземните води се активираа и сето тоа за многу краток временски период влијаеше на големиот пораст на водостоите на Паљанска и Мокрањска Миљачка, Прача, Репасница и сите реки во општината“, изјави Југовиќ за агенцијата Срна. .
Тој рече дека надлежните служби ја следат состојбата и се трудат максимално да спречат поголеми последици, иако е многу тешко да се делува во ситуација кога обилните дождови не стивнуваат.
Југовиќ додаде дека од синоќа на терен се сите надлежни служби, во целосен ангажман се Цивилната заштита, Општинската комунална полиција, работниците и механизацијата на компанијата Пале Комунално и Водовод и канализација.