На маргините од посетата на германската канцеларка на Тирана, која е дел од нејзината проштална турнеја низ земјите од Западен Балкан, премиерот Зоран Заев ѝ подарил охридски бисери, во знак на благодарност и сеќавање на добрите македонско-германски односи.

За време на средбата со канцеларката Меркел, Заев се заблагодари за нејзиниот личен ангажман и „севкупната посветена работа и непроценлив придонес за зајакнување на односите на СР Германија со Македонија“ како и за нејзината поддршка и поддршката на нејзината земја на нашиот пат до членството во НАТО и во процесот за членство во ЕУ.

На одвоена средба меѓу Еди Рама и канцеларката, албанскиот премиер ја одликува Меркел со Орденот со голема ѕвезда.